Фудбалерите на Шкупи утре против косовскиот претставник Балкани ќе го одиграат првиот од двата историски натпревари.
Чаирчани имаат шанса со елиминација на Балкани да станат вториот македонски тим кој успеал да се пласира во фазата по групи од едно европски клупски натпреварувања.
“е радувам што сите играчи ни се на располагање, сите се подготвени, немам повредени ниту казнети играчи. Што се однесува до утре, треба да играме трпеливо, паметно, да одиграме најдобро досега што можеме, мислам дека сме способни, и гледам во играчите овие денови ќе го направат на утрешниот натпревар. Секако морам да кажам дека пред себе имаме доста квалитетен противник, штом стигнал до оваа фаза во плеј-офот. Утре е прво полувреме, 90 минути, се надевам дека играчите ќе дадат максимум и задачите ќе ги исполнат на теренот. Ова е натпревар, ново докажување и како што кажав мораме да дадеме се од себе, да одиграме како што знаеме, да не правиме грешки онаму каде што е најтешко да се коригираат. Игравме добро и на претходните натпревари, но грешките скапо не чинеа и со Динамо и со Шамрок”, изјави предводникот на Шкупи, Гоце Седлоски.
ФОТО: Игор Паневски
