Кошарка Спорт

Јончевски: Имаме можност да ги продолжиме квалификациите за ЕП

Откако не успеа да мине во втората фаза од квалификациите за Светското првенство, кошаркарската селекција на Македонија мора да биде дел од претквалификациите за настап на континенталниот шампионат.

Во овој циклус влегуваме со нов селектор, а Александар Јончевски верува дека и покрај сите проблеми со кои се соочува може на стартот да стигне до две победи.

“Можеби групата звучи неатрактивно, со Норвешка, Данска и Словачка, но ни влева голема надеж дека ќе го освоиме првото место кое единствено води во следната рунда. Норвешка и Данска како скандинавски земји вложуваат доста во кошарката и самото тоа дека нивните селекции во младинските категории се во А-дивизијата, а не можеме ние да се пофалиме со тоа, дава за право дека групата е тешка. Со Словачка игравме двапати во скоро време и во турнирски систем имавме победа од 20, но и пораз од скоро 20 разлика. Ниедна селекција нема квалитет со кој ќе отскокнува, туку моменталната атмосфера и мотивација ќе го реши победникот на овој натпревар. Се надевам дека ќе успееме да внесеме една добра енергија и можам да ветам дека ќе бидеме подготвени за било што во однос на противниците”, изјави Јончевски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Погачар ја освои третата етапа и го презеде врвот на Тур де Франс 

Sportska Redakcija

Скандал на Мундијалот: Трамп интервенирал, Балогун ќе игра против Белгија

Sportska Redakcija

(ВИДЕО) Шпанските голмани со Вештачка интелигенција (AI) тренираат за Кристијано Роналдо и натпреварите на Светското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе