Кошарка Спорт

Крстевски: Се надевам дека ќе ги минеме претквалификациите

Македонската кошаркарска репрезентација ги почна мини подготовките пред одигрувањето на првите две претквалификациски средби против Данска и Словачка.

Првите седум дена нашите кошаркари ќе ги минат во Маврово, а потоа следува завршниот дел од подготовките во Скопје и контролниот натпревар со Црна Гора.

“Имаме некои дваесетина дена, од кои седум во Маврово, добро да се подготвиме и да влеземе во натпреварувачки ритам. Екипата сега е малку повеќе комплетна во однос на претходно, имаме и нов селектор со кого добро се познаваме. Имаме еден контролен меч со Црна Гора, кој ќе биде најава за двата претквалификациски дуели. Се надевам дека ќе ги минеме овие претквалификации. Словачка ни е добро позната, во неколку наврати имаме играно и имаме позитивен скор, се надевам дека така и ќе продолжи. Данска и Норвешка можеби не звучат атрактивно, но не може да се потценат, затоа што денес сите играат кошарка. Одиме чекор по чекор и се надевам на позитивен исход. Секој играч ни е добредојден напомош за овие предизвици”, изјави Бојан Крстевски

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Погачар ја освои третата етапа и го презеде врвот на Тур де Франс 

Sportska Redakcija

Скандал на Мундијалот: Трамп интервенирал, Балогун ќе игра против Белгија

Sportska Redakcija

(ВИДЕО) Шпанските голмани со Вештачка интелигенција (AI) тренираат за Кристијано Роналдо и натпреварите на Светското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе