Вести Култура

Почина актерот Митко Апостоловски

Реномираниот македонски театарски, филмски и телевизиски актер Митко Апостоловски почина на 67 – годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја пренесе неговиот колега Петар Горко на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко во фејсбук статусот.

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955 година. Дипломирал на  Отсекот за драмски глумци при Вишата музичка школа во Скопје. Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).

Во текот на својата кариера има одиграно бројни улоги по кои ќе остане запаметен. Меѓу нив е и улогата на Аритон во филмот „Големата вода“ (2004) на Иво Трајков, потоа Димитрија во филмот „Трето полувреме“ (2012) на режисерот Дарко Митревски и Ристо во „До балчак“ на Столе Попов од 2014 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе