Шкендија во реванш дуелот од втората квалификациска рунда во Конференциската лига на УЕФА против летонскиот претставник Валмиера влегува со предност од 2:1.
Избраниците на тренерот Артим Шаќири потенцираат дека работата не е уште завршена и дека триумфот од пред седум дена треба да се потврди и утре во Скопје.
“Имаме позитивен резултат од Летонија, но видовме дека тие се незгодна екипа која создава многу шанси. Успеавме да ги неутрализираме во Рига, но ќе мора тоа да го повториме и тука. Мора да бидеме внимателни на нивните навивачи. Навистина ќе треба повторно да одиграме на максимално ниво, без залажување дека се е веќе завршено и со поддршка од навивачите да дојдеме до третата рунда”, истакна фудбалерот на Шкендија, Бруно Дита.
ФОТО: Игор Паневски
