Вести Култура

Започнува „Струмица опен фестивал“

Оваа година, ова лето почнува 11-то издание на „Струмица опен фестивал“. Фестивалот ќе трае до 19 август со вкупно 20 настани на повеќе отворени сцени во градот.

Според организаторот, Здружението на граѓани „Културен забавен живот“, ова е наголемата забавна манифестација  во регионот. Тие најавуваат спектакуларно издание и ги повикуваат сите да да дојдат и да раскажат уште една приказна под отворено небо.

За незаборавната забава ќе придонесат звуците од македонски шлагери во изведба на Љубомир Митровски, Денис Кирчанов, Боби Ѓошиќ, Игор и Даме

Програмата е поделена во три дела.

-Во првиот, покрај музика планирани се филмските проекции на добитниците на Оскари и меѓународни награди-македонските играни филмови „Налепница“, „Баскет“, „Стела“ и „Сестри“. Со стиховите афоризми исполнети со сатира и смеа со Ацо Ѓоргиев и Ристо Филчевски Струмица, Јане Атанасов, Ружа Стојмилова и Ленче Стојменова од Кочани, како и Марија Ранѓеловиќ Белград од Србија. Стихови на поезија за душа со Вања Изова Велева од Струмица и Стефан Марковски од Гевгелија. И во ритамот на традицијата -концерт на фолклорна низа за сите љубители на танцот, македонската традиција и култура, информираат од „Културен забавен живот“.

Вториот дел е посветен на спортот и спортските активности, а во последниот дел ќе настапат повеќе македонски музички ѕвезди, потоа завршниот концерт од Летната школа за гитара под менторство на Васко Пиличев, како и вечер посветена на музичката легенда, Гоце Арнаудов.

Фестивалот финансиски е поддржан од Општина Струмица и Министерството за култура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе