Садио Мане е избран за најдобар африкански фудбалер за оваа сезона. За репрезентативецот на Сенегал ова е втор пат во кариерата да го освои престижното признание.
Новото име во составот на Баерн по пауза од три години повторно е прогласен за најдобар фудбалер.
Во сезоната во која со репрезентацијата на Сенегал триумфираше на континенталното првенство и избори пласман во завршницата на Светскиот куп, Мане имаше значајна улога и во тимот на Ливерпул со кој освои два трофеи на Островот, беше вицешампион во Премиер лигата, а настапи и во финалето од Лигата на шампионите.
торото место во изборот му припадна на неговиот доскорешен тимски колега Мохамед Салах додека трет е голманот на Челзи, Едуар Менди.
ФОТО: Игор Паневски
