Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова функција за паркирање

/

Македонија

Сподели преку :

Од ЈП „Градски паркинг- Скопје“ соопштија дека е активна нова функција.Ќе има можност за активирање на фукција за СМС порака со цел да се потсети за активен паркинг.

Корисниците кои испратиле СМС порака за паркирање, по четири часа и пет минути, ќе добиваат „порака- потсетник“ со содржина: „Потсетување дека имате активно паркирање. За крај испратете порака до 144 144 со содржина S“, посочуваат од претпријатието.

Корисниците често од повеќе причини не успеале да испратат „S“ за крај на користењето на паркинг услугата и со тоа автоматски им се наплаќаше до крај на работното време на паркингот, потенцираат од ЈП „Градски паркинг“- Скопје и апелираат корисниците навремено да испраќаат СМС пораки за започнување и за стопирање на паркирањето, со што не би се соочиле со непријатности т.е. поставување блокатор на тркало.

Jumbo 2