Новото име во редовите на Борусија Дортмунд кој беше ангажиран како замена за Ерлинг Халанд, Себастијан Алер мора да ја прекине кариерата откако лекарите констатирале дека има малигно заболување на тестисите.
Дваесет и осум годишниот напаѓач на тренингот се пожалил на здравствени проблеми, а по деталните прегледи констатирана тешката болест.
“Во следниве денови ќе се направат детални прегледи во специјализиран медицински центар и по што ќе се констатира стадиумот на болеста. Денешната вест е шок за сите, клубот ќе направи се Себастијан да добие најдобар третман”, изјави спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.
Алер во Борусија дојде пред неколку недели откако клубот за него на Ајакс му плати обештетување од 35 милиони евра. Тој за холандскиот првак одигра 50 натпревари и постигна 32 гола, а претходно го носеше дресот на Вест Хем, Оксер и Ајнтрахт.
Алер до 2000 година беше дел од сите младински селекции на Франција, а потоа го носеше дресот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска, земја од каде потекнува неговата мајка.
За оваа селекција Алер на 15 натпревари постигна четири гола.
