Вести Македонија

Македонец осомничен дека превезувал мигранти

Полицијата денеска околу 01:00 часот во близина на граничната линија со Република Грција, го привела А.М.(30) од скопското село Инџиково, осомничен дека со неговото возило „ауди а6“, со скопски регистарски ознаки, превезувал 12 мигранти од Индија.

Пронајдените мигранти се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Околу 21:30 часот кај клучка Прдејци, соопштија денеска од МВР, возилото било забележано како со голема брзина се движи кон Гевгелија, а во 21:40 часот А.М. со возилото ја скршил рампата од кабина за гранични проверки, по што тој и мигрантите се дале во бегство.

Набргу, мигрантите биле пронајдени, а по пребарување на теренот бил пронајден А.М. и бил лишен од слобода. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе