Кошарка Спорт

Бајиќ се повлече од селекторската функција

Драган Бајиќ од денеска не е селектор на машката кошаркарска репрезентација на Македонија. Досегашниот предводник на националниот тим го напушта кормилото по нешто повеќе од една година од именувањето и под негово водство репрезентацијата на Македонија успеа да ги мине претквалификациите за пласман на Светското првенство, а во главната рунда не успеа да забележи ниту една победа.

“Кошаркарската Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската „Куќа на кошарката“ и г. Драган Бајиќ, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу негов понатамошен ангажман во машката сениорска репрезентација на Македонија.

Од оправдани причини, односно здравствени проблеми со кои се соочува во изминатиот временски период, г. Драган Бајиќ повеќе не е во можност максимално посветено да одговори на обврските кои со себе ги носи работењето во сениорскиот национален тим.

Земајќи ја предвид потребата машката „А“ селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клупски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката.

Во оваа прилика, би сакале да му се заблагодариме на Драган Бајиќ, како и на неговите соработници, Адмир Прасовиќ и Александар Кукриќ за досегашното работење со нашата најдобра селекција“, стои во соопштението на КФМ.

Неофицијално како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Александар Јончевски кој до сега беше дел од стручниот штаб на Бајиќ.

Федерацијата мора бргу да реагира и да именува нов селектор со оглед на фактот дека во август треба да одиграме две средби од претквалификациите за Европското првенство и тоа против репрезентацијата на Данска и Словачка.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе