Кошарка Спорт

Словенија пресилна за нашите млади кошаркарки

Македонската женска репрезентација не успеа да се пласира во полуфиналето на Европското првенство за кошаркарки до 20 години Б дивизија.

Вечерва нашата селекција беше совладана од Словенија со 63:36 и утре ќе се соочи со Германија во разигрувањето за пласман од петтото до осмото место.

Словенките доминираа во текот на целиот натпревар и освен во првите пет минути од првиот период, гостинките беа во постојана предност која на крајот изнесуваше 27 поени.

Единствена со двоцифрен број на поени во македонската репрезентација беше Матеја Николиќ која постигна 10, шест забележа Теона Поп Стојанова додека по четири впишаа Марија Димитриевиќ, Илина Селцова и Матеа Атанасовска.

Дуелот против Германија утре ќе се одигра во А1 арената Борис Трајковски и почнува во 14 часот и 15 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе