Нема ништо од сензационалниот трансфер на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија. Португалецот ја одби понудата од неверојатни 275 милиони евра за две сезони и наскоро се очекува конечно да реши каде ќе ја продолжи кариерата.
Кристијано Роналдо има важечки договор со Манчестер Јунајтед и во клубот веруваат дека тој ќе остане на Олд Трафорд и во следните 12 месеци, но се чини дека голема е веројатноста да ја смени средината.
Додека новиот менаџер Ерик Тен Хаг и натаму тврди дека португалскиот репрезентативец останува во клубот се поинтензивни се шпекулациите дека Кристијано Роналдо би можел да се пресели во Баерн, Атлетико Мадрид или евентуално да се врати во Спортинг Лисабон.
Од трката за ангажирање на Португалецот се повлече Челзи откако менаџерот Томас Тухел на сопственикот на клубот Тод Боели му порачал дека нема потреба од неговото доаѓање на Стемфорд бриџ.
ФОТО: Игор Паневски
