Спорт Фудбал

Ливерпул потпиша нов спонзорски договор

Англискиот вицешампион Ливерпул објави дека ја продолжува соработката со банката Standard Chartered која со клубот од Енфилд соработува уште од 2010 година.

Според новиот договор кој ќе важи до 2027 година, Ливерпул ќе инкасира вкупна сума од 200 милиони фунти што е за 40 милиони повеќе во однос на претходниот.

Ливерпул е еден од најатрактивните клубови за компаниите и нивниот спонзорски договор е трет на листата на најбогати, а пред него се само Реал Мадрид и Манчестер Сити кои од спонзорот инкасираат по 60 милиони фунти годишно.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе