Кристијано Роналдо доби неверојатна понуда за продолжување на кариерата. Неименуван клуб од Саудиска Арабија за ангажирање на португалскиот репрезентативец понудил сума од 300 милиони евра за потпис на договор кој би важел во следните две години.
Неофицијално Кристијано Роналдо ќе инкасира 125 милиони евра по сезона, а од вкупната сума 30 милиони ќе му бидат исплатени на Манчестер Јунајтед, а останатите 30 ќе им припаднат на посредниците во реализацијата на трансферот.
Во последниве неколку недели се шпекулираше дека Португалецот сака да си замине од Олд Трафорд, а како потенцијални дестинации се споменуваа Баерн, Челзи, Пари Сен Жермен и Наполи, но последната понуда е далеку побогата во однос на сите претходни.
ФОТО: Игор Паневски
