Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали Русите сакаат да престане војната?

/

Македонија

Сподели преку :

Според истражувањето на јавното мислење на провладиниот Серускиот центар за истражување на јавното мислење една третина од Русите веруваат дека воените акции во Украина треба да престанат што поскоро.

На испитаниците им било поставено прашањето: која гледна точка им е поблиска – дека непријателствата во Украина треба да се прекинат што е можно поскоро или дека не треба да  запрат.

Според резултатите 30 отсто од граѓаните сѐ  за што побрзо прекинување на војната, додека 57 проценти сметаат дека војната треба да продолжи, 13 отсто од испитаниците одбиле да одговорат.

Истражувањето покажа дека 56 проценти млади на возраст од 18 до 24 години се за прекин на војната, а 43 отсто од испитаниците на возраст од 25 до 34 години дале ист одговор.

Мнозинството повозрасни испитаници односно 60,72 проценти се изјасниле за продолжување на војната.

Jumbo 2