Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска изјави дека новата методологија за плати ќе биде готова до крајот на годината, а ќе почне да се применува од јануари следната година.
Во изјава за медиумите таа кажа дека ќе растат платите во јавниот сектор од следната година.
– Социјалниот дијалог е отворен. Се работи за системско, а не за ад-хок решение. Процесот го води Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, заедно со министерот за финансии, а јас како министерка за труд вклучена сум во делот за синдикатите и правата на работниците, рече Тренчевска, додавајќи дека очекува да има и јавни дебати за предлог-методологијата.
За исплатата на регрес на годишен одмор, К-15 таа кажа дека треба да биде исплатен до крајот на годината и дека треба да биде во согласност со гранскиот колективен договор со УПОЗ.













