Повеќекратниот првак на Украина, Шахтар најави тужба за Светската фудбалска федерација која им дозволи на странските фудбалери од Украина без обештетување да ги напуштат клубовите.
Само неколку недели по почетокот на инвазијата врз Украина, ФИФА донесе одлука според која странските фудбалери слободно може да ги напуштат клубовите од Русија, но истото правило важеше и за играчи кои настапуваат и во екипите од страната која е нападната.
Според оваа одлука фудбалерите и тренерите во двете земји може слободно да си заминат до 30 минатиот месец, а ако немаат посебни клаузули во договорите тоа право може да го искористат до јуни следната година.
Поради оваа одлука се случи вистински егзодус на играчи од двете земји, а најоштетен е токму Шахтар кој остана без 14 фудбалери и токму поради тоа Украинците се решија правдата да ја бараат на суд барајќи од ФИФА обештетување од 50 милиони евра.
