Откако вчера се најде на пленарна седница, денес повторно треба да продолжи расправата за ребаланс на буџетот.
На првиот ден, министерот за финансии Фатмир Бесими истакна дека со ребалансот се дава поддршка на пензии и плати, за субвенции за поддржување на земјоделците и низа антикризни мерки.
Со вградените амандмани се обезбедуваат и дополнителни 25 милиони денари за проекти за здравството, животната средина и инфраструктурата.
За власта, предложениот ребаланс на Буџетот е наменет за заздравување на економијата од пандемијата и од економската и енергетската криза. Со него се обезбедуваат нови 76 милиони евра за мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на фирмите. Опозицијата, пак, обвини дека буџетскиот дефицит се зголемува и дека земјата се движи кон сиромаштија.













