Вести Македонија Најважни

Сè уште се бара третиот Македонец на Халкидики

И денеска продолжува потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин, на првиот крак на Халкидики, во Посиди, откако вчера и завчера беа пронајдени неговите двајца пријатели живи.

Вчерашната потрага во вода, од воздух и на копно не донесе никакви резултати.

Откако не беше пронајден 28-годишниот од грчката крајбежна служба соoпштија дека “потрагата ќе продолжи се до разденување, а за било какви новости ќе информираат со ново соопштение“.

Неговиот другар 30-годишниот Иван бил лоциран од хеликоптер на военото воздухопловство околу 15 часот  во морската област околу 15 наутички милји западно од Посеиди.Бил превземен со танкер, а потоа бил префрлен со патролен чамец на крајбежната служба и пренесен на пристаништето во Неа Скиони.

Искрено сум многу среќна откако дознав дека е жив по 19 часа борба во морето. Една топка се најде пред него и оваа топка беше неговиот спас, рече градоначалничката која не можеше да ја скрие радоста што момчето беше пронајдено живо, особено по толку часови во морето.

Додаде дека со спасувањето на Иван ѝ се вратила надежта дека може и третото момче да биде пронајдено живо.

Иван се спасил со топка, грчки медиуми тврдат дека топката стигнала од 100 километри оддалечен остров

Спасувачката акција започнала во саботата во поладневните часови откако тројцата македонци  влегле во морето на плажата Мити и поради лошото време се одалечиле од брегот.

Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата.

Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил беше спасен во саботата по поминати околу два часа во вода, додека пак вчера, беше пронајден и 30-годишниот Иван.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стeвче Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски за Талир 2: Правдата е задоволена за ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Политички „ќорсокак“ за Изборниот законик – рокот пробиен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе