Вести Македонија Најважни

Петков: Бугарските позиции станаа европски

Францускиот предлог – силно поддржан од уште еден европски политичар: бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков, го смета за исклучително добар. Веројатно многу придонесува за високата оценка од 5,50, од можни 6, што Петков ѝ ја напиша на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, иако доаѓа од партијата на Слави Трифонов.

Францускиот предлог е исклучително добар. Тој направи бугарските позиции да станат и европски. Она што сега се случува во Северна Македонија е поради тоа што ним им е многу тешко да ги прифатат тие позиции во моментот, но тие треба да сфатат дека ако Македонија сака да се развива, европскиот пат е единствениот пат за таа држава. Би било ужасно Албанија да го продолжи пристапниот процес во ЕУ, а Македонија да остане, смета Петков.

Иако Бугарија веројатно ќе оди на уште едни предвремени избори, а Генчовска е во оставка како и целата Влада, таа продолжува со активности. Сакаше да се сретне со колегата Бујар Османи во Банско во периодот од 9 до 11 јули. Таму се организира годишен состанок на Мешовитата меѓувладина комисија за да се разгледа „исполнувањето на Договорот за добрососедство во изминатиов период и да се преземат мерки за подобрување на двостраната соработка во сите сектори“.

Но, Османи не отиде. Министерството ја известило Софија дека Османи во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието, а експертите од двете министерства ќе продолжат со работа. Османи остава можност за онлајн средба со Генчовска, доколку има потреба.

А Собраниската дебата сѐ уште не е закажана. Терминот ќе биде утврден на утрешната координативна средба на партиите и пратениците кај спикерот Талат Џафери, како што завчера најави неговиот кабинет. Можно е тоа да се случи во текот на оваа недела откако ќе почне и ќе се прекине расправата за ребалансот на буџетот, или пак ќе се чека гласањето по петдневната дебата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повика Џафери да ја врати Информацијата од половина страница и да бара дополнение со сите документи и со протоколот, тој упатува на веќе објавените три документи, а СДСМ е уверена дека францускиот предлог ги гарантира македонскиот јазик и идентитет.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ствче Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски за Талир 2: Правдата е задоволена за ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Политички „ќорсокак“ за Изборниот законик – рокот пробиен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе