Футсал репрезентацијата на Македонија ги доби противниците за првиот дел од квалификациите за пласман на Светското првенство што ќе се одржи во 2024 година.
Нашата селекција е дел од 10. групата во која ќе настапат уште репрезентациите на Италија и Шведска.
Пласман во елитниот дел од квалификациите обезбедуваат победниците во секоја група и четирите најдобро второпласирани од сите конкуренции.
Натпреварите се играат во периодот од 12 септември оваа година до 8 март во 2023-тата.
ФОТО: Игор Паневски
