Денеска ќе се блокираат неколку патни правци меѓу кои и регионалниот пат Струмица-Радовиш по повод францускиот предлог за кревање на ветото во Бугарија. Овој патен правец ќе биде блокиран кај Василево еден час, во периодот од 13.00 до 14.00 часот. Полицијата веќе е на своите места и го обезбедува местото каде ќе протестираат граѓаните.
Засега нема најави дали и идните денови ќе се протестира во Струмица.
Протести нема да има утре, поради празникот Курбан Бајрам.
Протестите ќе продолжат од недела.













