Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот дел од третиот Гренд слем турнир што се одржува во Вимблдон.
Ивановски беше на чекор да забележи уште една победа, но на крајот поуспешен од него беше Шпанецот, Педро Роденас.
Нашиот тенисер го реши првиот сет во своја полза со 6:3, а потоа во вториот имаше можност за победа, но за жал Роденас успеа да израмни откако во тајбрејк славеше со 7:6.
И во третиот решавачки сет се водеше неизвесна битка која на крајот му припадна на Шпанецот.
ФОТО: Игор Паневски
