Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со таблети „ Идентитетол форте“ против стравот од губење на идентитетот

/

Македонија

Сподели преку :

Да се креираат социјални програми за преживување на зимата, наместо да се прави хистерија за губење на идентитетот, поврзана со прифаќањето на францускиот предлог за старт на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Ова е главната порака на ангажираната уметничка инсталација „ Идентитетол форте“, која денеска осамна на автобуската постојка на „ Партизанска“, во центарот на Скопје, зад која стои Центарот за современи уметности. Од таму велат дека сакале на сатирично- хумористичен начин да го изразат ставот околу македонскиот идентитетот, со што на исплашените граѓани им нудат таблети „ Идентитетол форте“ од 20 милиграми. Од Центарот за современи уметности за периодот што доаѓа најавуваат нови уметнички акции низ државата во кои фокусот ќе биде кон несигурната егзистенција поради економската и енергетската криза, наспроти како што велат, исфорсираниот проблем со губењето на идентитетот.

Многу полесно ќе го изгубите животот во Македонија, пристојниот живот, условите за живот, отколку што ќе го изгубите идентитетот, тврди Никола Писарев од Центарот за современи уметности.

Идејата е да ја намалиме хистеријата околу идентитетот. Една работа е францускиот предлог и преговорите и сè. Друга работа е многу болна и многу лоша-чепкањето повторно во идентитетот за заплашување на луѓето дека тој ќе се изгуби. Една таква програма поминавме ние со „ Скопје 2014“, кој што го претставуваше целото тоа мегаломанство кое беше претставено како заштита на идентитетот. И сега практично пробуваме да најдеме полесен начин за заштита на идентитетот, а тоа е со таблетки затоа што и онака граѓаните на Македонија  постојано „ се клукаат“ со разни суплементи, таблети, витамини, сè друго.

Jumbo 2