Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ја забележа и втората победа на јуниорскиот дел од Вимблдон.
Ивановски пласман во третото коло обезбеди по триумфот во два сета со 6:1 и 6:2 во меч што траеше 64 минути против Родриго Мендез Пачеко од Мексико.
Противник на Ивановски во осминафиналето ќе му биде осмиот носител на турнирот Едас Бутвилас од Литванија.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
