Македонската женска тениска репрезентација триумфално го отвори настапот на Били Џин Кинг купот што се одржува во Скопје.
Нашата селекција во првото коло од Ц групата со максимални 3:0 славеше над аутсајдерот Уганда. Патем нашите тенисерки беа супериорни во овој меч и во сите три дуели не загубија ниту еден гем.
Во првиот настап Магдалена Стоилковска беше поуспешна од Маги Фавија Намаганда, нашиот прв рекет Лина Ѓорчевска славеше над Вини Бирунги додека двојката Катарина Маринковиќ и Александра Симева забележа победа над гостинската комбинација Бирунги-Намаганда.
Утре Македонија за противник ја има репрезентацијата на Боцвана која исто така со 3:0 беше совладана од Јужна Африка.
Мечот почнува во 10 часот и се игра на централниот терен на Тенискиот клуб Југ.
ФОТО: Игор Паневски











