Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протест и пред Собранието против францускиот предлог

/

Македонија

Сподели преку :

И пред зградата на Собранието вечерва се одржа протест, кој уследи по поголемиот, по масовност, протест пред Владата, а преку кои се бара да се отфрли францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија.

Урната е заштитната ограда, а главниот влез на Собранието е обезбеден од кордон полицајци. Кон собраниската зграда демонстрантите фрлаат јајца и шишиња.

Учесниците на протестот се упатија кон Собранието од пред владината зграда,  каде исто така беше урната заштитната ограда а дел се стационираа во владиниот двор. На почетокот на протестот кон зградата на Владата исто така беа фрлани јајца, шишиња, петарди. Се скандираше „Оставка“, „Никогаш Северна само Македонија“.

Потоа состојбата се смири, а демонстрантите беа и на булеварот пред парламентот каде извикуваа оставка, скандираа и пееја.

Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Jumbo 2