Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Втор ден протести против ,,францускиот предлог“ пред владата

/

Македонија

Сподели преку :

По, ист распоред: интонирање химна, говори од бина, забавен дел. Втор ден граѓаните се собираат пред платотo на владата со едно мото – „Ултиматум – Не благодарам“.

Така се ословува граѓанската неформална група на социјалните мрежи каде се договара и поттикнува сенароден протест.

И денеска ја поддржаа илјадници граѓани кои велат дека дошле со една цел – против францускиот предлог за преговарачката рамка за ЕУ.

Стоп за бугаризација,  Бугарски фашизам- Европска вредност, се дел од пораките на граѓаните од кои дел имаат и навредливи пораки за државни и владини претставници кои што се изразија позитивно за францускиот предлог. Протестот се одржува без официјален организатор.

Но, затоа и денеска пред владата час претходно беше монтирана бина, ограден дел за медиумите и гласна аудио опрема.

Микрофоните од рака на рака си ги подаваа, новинари, поети и граѓански претставници.

Говорите остри и со пораки да се отфрли францускиот предлог.

На граѓаните кои го пополнија просторот пред платото на владата одново им се придружија и опозициските лидери.

Димитар Апасиев од „Левица“ ги предводеше своите партиски приврзаници.

А, Мицковски и денеска присутен, но без коментар и изјава.

Протестот започна точно во 19 часот, и заврши по еден час, денеска дополнет и со поширок музички репертоар.

Иако официјално вечерашниот протест против францускиот предлог, заврши голем број граѓани останаа пред Владата.

Како што беше кажано, вечерва дел од граѓаните ќе останат пред Владата, а утре протестот повторно продолжува во 19 часот.

Павле Беловски

Jumbo 2