Ракомет Спорт

Валтер: Е. Пелистер ќе игра побрз и подобар ракомет

Новиот шеф на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер пристигна во Битола каде од денеска почна со активности околу почетокот на подготовките за новата сезона.

Битолчани имаат амбиција да го вратат шампионскиот трофеј во Битола, а да забележат што е можно подобар пласман во Европската лига на ЕХФ.

“Носам позитивни импресии од почеток. Разговарав со кондицискиот тренер, со помошникот тренер и направивме план за во иднина. Изгледа дека исто размислуваме и ќе имаме добра соработка.  Знам дека во Пелистер ги имате најдобрите навивачи во Европа и познати сте по тоа насекаде. Атмосферата во салата е тема на разговор насекаде. Историски вие сте најголемиот клуб во историјата на македонскиот ракомет. Дури и кога јас бев млад ракометар знаев за Пелистер и за луѓето тука. Едвај чекам да ја почувствувам атмосферата во салата”

“Мојот стил нема да биде 100% скандинавски ракомет. Работев во многу земји и ќе го земам најдоброто од секаде. Ќе ви ветам дека ќе играме побрзо, но да не го заборавиме квалитетот на балканските играчи. Вие имате многу индивидуални квалитети и моја работа е да извадам најдоброто од вашата култура и да го ставам во микс со другите култури. Кога бев во Словенија беше многу лесно, па верувам дека така ќе биде и тука, бидејќи луѓето знаат да играат ракомет во Македонија. Убеден сум дека ќе најдеме добра солуција”, рече Валтер.

Официјалната промоција на тимот е закажана за 19 јули, кога ќе бидат промовирани и новите лица и новите дресови. Презентацијата на Ларс Валтер како нов тренер на Еурофарм Пелистер е предвидена по првите тренинзи во Битола.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе