Новото раководство на Челзи почна со активностите на летниот трансфер пазар и веќе е договорено првото засилување за новата сезона.
На Стемфорд бриџ ќе пристигне бразилскиот интернационалец од Лидс, Рафиња за кој ќе биде платено обештетување од 65 милиони фунти. За комплетирање на трансферот останува уште Рафиња да ги договори личните услови за потпис на договорот. А следен кој се очекува да пристигне во екипата е Рахим Стерлинг.
Според медиумите во Велика Британија за двајцата играчи, новиот сопственик Тод Боели планира да потроши сума од 110 милиони фунти.
До крајот на преодниот рок менаџерот Томас Тухел бара и засилување на дефанзивниот ред. Први на листата се Нејтан Аке од Манчестер Сити и Матајс Де Лихт од Јувентус.
Преговорите за трансфер на Аке се уште се во тек, а за Де Лихт, Челзи на Јувентус му понудил размена на играчи во која е вклучен Кристијан Пулишиќ.
Доколку не се успее во намерата двајцата Холанѓани да пристигнат на Стемфорд бриџ како резервни опции се споменуваат Жил Кунде, Милан Шкриниар и Калиду Кулибали.
