Романецот, Стефан Палоси кој беше поставен како осми носител е победник на ИТФ турнирот што се одржа во Скопје, а се играше за награден фонд од 15.000 долари.
Палоси во финалето по голема борба во три сета во меч што траеше еден час и 58 минути со 6:4, 1:6 и 6:3 го совлада првиот фаворит, Орландо Луз од Бразил кој и во вториот обид во Скопје не успеа да стигне до победа.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
