Дваесет и три годишниот Португалец на Сан Сиро дојде пред три сезони и актуелниот договор важи до 2024-тата со откупна клаузула од 150 милиони евра.
Новиот шампион на Италија на Леао му понудил соработка на дополнителни две години и значајно поголеми примања, но Португалецот не ја прифатил со образложение дека заслужува поголема плата.
Леа во Милан дојде од Лил за сума од 29,5 милиони евра, а неговата вредност на пазарот во моментов се проценува на 75 милиони. Португалецот во шампионската сезона на Милан постигна 11 гола и имаше 10 асистенции.
ФОТО: Игор Паневски
