Спорт Фудбал

Миовски: Нема лесни противници, очекувам убедлива победа

Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево од 18 часот во Скопје ќе го одигра дуелот против селекцијата на Гибралтар, последен овој циклус на натпревари во Лигата на нации.

По поразот од Грузија, потребна ни е победа во мечот против аутсајдерот во групата со која ќе ги задржиме шансите за освојување на првата позиција во групата.

“Нема лесни противници. Знаеме дека Гибралтар одигра 1-1 против Бугарија, а тоа докажува дека се солидна селекција. Треба да дадеме максимум и пристапот да ни биде ист, а така сметам дека ќе победиме убедливо. Разочарани сме по поразот од Грузија. Неверојатно и неочекувано за нас беше да загубиш дома со 3-0. Во првиот дел доминиравме, ако дадевме први гол ќе беше сосема друг натпревар. Откако први примивме гол, а потоа се одеше во лоша линија. Од овој пораз мора да извлечеме поука, да ги анализираме грешките и да ги залечиме раните против Гибралтар”, изјави напаѓачот Бојан Миовски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе