Вести Економија Топ вести

Инфлацијата го изеде покачувањето на платите

Платите ја губат битката со цените. Инфлацијата го изеде покачувањето на минималецот. Оние кои работат за 18 илјади денари, сега се покуси за околу 2.000 денари. Речиси една минимална плата е доволно само за храна и пијалоци. Кај просечната плата пак која е нешто над 30 илјади, загубите се повеќе од 50 евра.

Минимална плата                      со стапка на инфлација

18.000 денари                               16. 057 денари  – 1.943 денари

31.080 денари                               27.725 денари  -3.355 денари

Даночните експерти влегоа во пресметки, откако статисика вчера објави нов рекорд на инфлацијата од 12 проценти во мај, во однос на истиот месец лани.

Платите ја губат трката, животниот стандарт е исто така е  губитник. Минималната плата има раст зошто е мерка, но просечната плата има раст од 6,6 отсто, но ако споредиме со растот од 7,5 проценти кај цените, гледаме дека платите заостануваат. Ако продолжи оваа трка на плати и цени сите ќе изгубиме многу, мислам дека треба помош на некој од бизнисите,   прецизно да се таргетираат, а  не да се фрлаат пари таму каде што не треба, вели за Телма Павле Гацов- даночен експерт.

Експертите алармираат – инфлацијата ќе расте и во следните два месеци, главно поради укинувањето на мерките за заштита од ценовни шокови. Потоа очекуваат да има постепено стабилизирање.

Едноставна е причината , прво трендот на зголемување на цените го достигна врвот и второ основата за пресметување е многу висока особено  сега и од тие две причини мислима дека ќе забави растот на цените, додава Гацов.

И од ССМ реагираат дека месечните трошоци на едно четиричлено семејство од почетокот на  годинава до сега се зголемени за околу 3.000 денари, но платите не го следат тој раст. Според статистиката најмногу поскапување има кај храната , транспортот,  енергенсите. Ценовниот шок стана поголем откако Владата ги укина превентивните мерки. Основните производи значително поскапеа , некои и за повеќе од 70 отсто. Бизнисот веќе побара итно да се донесат мерки за стопанството, а Владата се уште анализира дали и со какви мерки би се интеревнирало.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

Дејан Дејан

Македонски државјанин призна убиство на Гркинка на Крит

Дејан Дејан

Истрага за полов напад врз малолетно лице во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе