Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема расправа за прекршување на Кодексот

/

Македонија

Сподели преку :

Членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и нивните колеги кои дојдоа со подготвени дискусии и транспаренти,  се потпишаа за присуство и си заминаа без расправа. Претседателот на комисијата Панчо Минов констатираше дека дневниот ред не е усвоен. На него беше само една точка: пријавата од ВМРО-ДПМНЕ дека спикерот Талат Џафери направил тешка повреда на Етичкиот кодекс. За дневниот ред гласаа само четворица пратеници, додека петмина беа против.

Според ВМРО-ДПМНЕ, двоецот СДСМ-ДУИ го оправдува однесувањето на Џафери. Тоа што го доживеала собраниската администрација, го трпат и другите граѓани – омаловажувања, навреди и мобинг.

„Не можеме да дозволиме Собранието да се претвори во циркус, театар или место за тесни партиски агенди“, возврати ДУИ. Сметаат дека Џафери е најдобриот претседател на Собранието, спикерот кој донесе финансиска независност и подобар статус за собраниските служби, што му дава право и да бара одговорност и посветено работење, `се во интерес на граѓаните.

Адеми побара ВМРО-ДПМНЕ да не држи лекции за морал бидејќи никогаш не се огради од недоличните изјави на свои сопартијци против албанците.

Пријавата за повреда на Кодексот беше поднесена пред 20-тина дена, откако излегоа аудио снимки во кои Џафери наводно ги псуе и навредува собраниските служби. ВМРО-ДПМНЕ поднесе и интерпелација, откако Џафери побара заклучување на салата заради утврдување на бројот на присутни пратеници. `Се уште трае рокот од 15 дена за поднесување писмен одговор, по што, треба да се стави на првата наредна седница.

Соња Николовска

Jumbo 2