Спорт Фудбал

Елмас: Со сериозен пристап до победа и нови три бода

По нерешениот резултат на гостувањето во Разград против селекцијата на Бугарија, фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува ново гостување овој пат на дуел со Гибралтар.

Без разлика што нашиот следен противник има статус на аутсајдер во групата, нашите фудбалери најавуваат дека во мечот влегуваат максимално подготвени, а се со цел да се забележи првата победа во овој циклус на Лигата на нации.

“Не смееме да ја потцениме оваа селекција. Без разлика што ние одигравме без победник со Бугарија, ние секој натпревар го гледаме поодделно и на секој тргнуваме максимално, секогаш офанзивно без никакви експерименти и калкулации. Така ќе биде и утре, максимално сериозно во желбата за победа и три бода. Против Бугарија потфрливме во финалната фаза од нападот. Но, сега се надевам дека ќе одиграме онака како што треба и во нападот и ќе дојде реализацијата и на утрешниот натпревар, а потоа и на оние два натпревари на домашен терен “ , истакна Елиф Елмас.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе