Спорт Фудбал

Милевски: Нема да го потцениме противникот, одиме на победа

Македонската фудбалска репрезентација утре против Гибралтар ќе го одигра вториот натпревар од новиот циклус во Лигата на нации.

Распоредот одреди втор пат во три дена да играме на теренот на противникот, кој според рејтингот е далеку зад Бугарија, но селекторот Благоја Милевски потенцираше дека во ниту еден момент не треба да го потцениме противникот и со максимално залагање да се стигне до победа.

“Имаме секако одреден број фудбалери кои имаат проблеми токму во овој период кој доаѓа на крај од сезона, но секогаш се тука да го дадат максимумот за македонскиот дрес. Ќе играат оние кои во моментов се најподготвени и воопшто нема да има никакви експерименти со составот, и експерименти и калкулации во однос на желбата за игра и секако победа. Во денешниот фудбал нема место за потценување на никого. Гибралтар покажа дека има одреден квалитет, и ние секако го почитуваме утрешниот противник и нема место ниту најмало за опуштање. Гибралтар се она што го направи во фудбалот покажа дека никој нема право да го потцени, и никој нема право така да се однесува кога е таа селекција во прашање. Момците се свесни дека само со максимум и никако поинаку не може да се дојде до победа. Момците знаат дека кога се игра во македонскиот дрес се игра до крај од срце, без потценување на ниту еден противник”, рече Милевски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе