Милан Ристовски беше стрелец на погодокот со кој Македонија стигна до израмнување во дуелот со Бугарија.
Напаѓачот во нашиот национален тим со идентичен став како и селекторот смета дека е пропуштена шанса за победа.
“Мислам дека бевме подобри на терен, но се чини и како да не беше наш ден во нападот, посебно не беше наш голгетерски ден. Според мене заслуживме победа, но ете се случи да не можеме да го постигнеме тој победнички гол. Среќен сум за погодокот, кој треба да биде само мотив за следните натпревари од кои очекуваме позитивни резултати. Сепак, пред нас се уште натпревари на кои секако очекуваме позитивни резултати”, истакна Ристовски.
ФОТО: Игор Паневски
