Иван Перишиќ е нов фудбалер на Тотнем откако го напушти Интер по истекот на неговиот договор.
Хрватскиот интернационалец доаѓа во Лондон без обештетување, а потпиша двегодишен договор вреден 100.000 фунти неделно. Перишиќ играше во Интер од 2015 година, со исклучок на една сезона кога беше позајмен во Баерн Минхен. Во минато играше и за Борусија Дортмунд, Волфсбург, Бриж, Сошо, Розеларе и Хајдук.
Перишиќ имаше и многу други понуди меѓу кои и од Интер да продолжи со „нераѕурите“, но фудбалерот сакал нов предизвик во кариерата.
