Спорт Формула 1

Перез останува во Ред Бул до 2024 година

Серхио Перез откако минатиот викенд славеше на трката за Големата награда на Монако во Формула 1 шампионатот денеска потпиша нов договор со Ред Бул.

Мексиканецот ја продолжува соработката со австрискиот тим на дополнителни две сезони, односно до завршувањето на 2024 година.

Перез лани му се приклучи на Ред Бул и импресионираше во својата прва сезона во која беше еден од главните ликови при освојувањето на титулата на неговиот тимски колега Макс Ферстапен. Заврши како четврти во генералниот пласман што е негово најдобро остварување во кариерата.

„Горд сум што сум дел од овој тим и тука се чувствувам како дома. Работиме добро со Макс и мојот однос со него на патеката и надвор од неа е одличен и ни помага на двајцата да одиме напред уште повеќе“, рече Перез.

Цели 11 сезони е дел од Формула 1, а во кариерата возеше во болидите на Заубер, Мекларен, Форс Индија, Рејсинг Поинт и сега Ред Бул.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе