Папската гарда утрово ја пречека македонската делегација во Ватикан,на чиј влез се вееше македонското знаме. Премиерот пристигна во друштво на ќерката Тамара, министрите за култура, надворешни и внатрешни работи, а црковнста делегација ја предводеше отец Пимен. На средбата беше и ректорот на Унуверзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и директорот на Комисијата за односи со верски заедници. Се сретнаа со папата Франциск, како и со државниот секретар на Светата Столица, Пјетро Паролин и со секретарот за односи со државите, Пол Ричард Галагер.Се очекува средбата да резултира со потпишување на заеднички договор.
Попладнево премиерот ќе се сретне и со својот бугарски колега, Кирил Петков.Детали засега не се откриваат.
Попладнево делегациите ќе положат цвеќе на спомен плочата на македонски јазик во папската базилика, по што следи концерт на тенорот Благоја Нацоски.
Поклонението на Свети Кирил од страна на македонски делегации е традиција која трае од 1969 та година.
Далиброка Дамјанска
