Спорт Фудбал

Одредени судиите за Светскиот куп, делегирани и шест дами

Светската фудбалска федерација ја објави листата на судии ќе бидат делегирани на мечевите на претстојниот Мундијал што ќе се одржи во Катар.

За прв пат во историјата на Светските шампионати на листата се најдоа шест дами од кои три ќе имаат чест да бидат главни судијки на натпреварите, а три ќе бидат делегирани како асистентки.

Меѓу трите дами се најдоа Стефани Фрапар од Франција, Салима Мукасанга од Руанда и Јапонката, Јошими Јамашита.

Неуза Бек од Бразил, Мексиканката Карен Дијас Медина и Кетрин Несбит од САД ќе бидат делегирани како асистентки.

Претседателот на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина и директорот за судиски прашања, Масимо Бусака потврдија дека на листата се 36 главни судии, 69 помошници и 24 арбитри кои во ВАР собата ќе им помагаат на своите колеги.

“Со изборот на шест дами го заокружуваме процесот кој го почнавме пред неколку години да им даваме можност на судијките да ја делат правдата на мечеви во машка конкуренција. Тие тоа го заслужија бидејќи на секој натпревар судат на високо ниво, а ФИФА како и секогаш ќе го почитува принципот при изборот на листата да се најдат најдобрите”, истакна Колина.

На листата на главни судии најбројни се арбитрите од Европа од каде се избрани 12 претставници. Седум се од Јужна Америка, шест од Африка, а петмина доаѓаат од Азија. Централна Америка има три претставника, Океанија два и еден од Северно-американскиот континент.

По двајца судии доаѓаат од четири земји, Англија (Мајкл Оливер, Ентони Тејлор), Франција (Стефани Фрапар, Клемон Турпан), Аргентина (Фернандо Рапалини, Факундо Тељо) и Бразил (Вилтон Сампајо, Рафаел Клаус).

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе