Силекс по втор пат едно по друго ќе игра во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. Кратовци минатата сезона и покрај фактот што се преселија во понизок ранг направија сензација и ја совладаа Академија Пандев и стигнаа до третиот триумф.
Овој пат Силекс како второлигаш успеа да стигне до финалето да стане првиот тим кој по пауза од седум години успеал да го одбрани трофејот и да им се приклучи на Вардар и Работнички (два пати) по втор пат во низа да се радува на победа.
“. Ние сме бранители на титулата и сме единствен второлигаш кој ќе го брани трофејот. Настапувавме во втората лига и брзо обезбедивме враќање во елитата, нешто што ни беше приоритет сезонава. Кој и да игра утре ќе го даде максимумот. Респект за нашиот противник кој до последното коло беше во игра преку ПМФЛ да избори влез во Европа преку лигата. Со победите против Брегалница и Пелистер ни се отвори шанса за ново куп финале. Ќе дадеме се од себе, но се надевам дека ќе победи фудбалот. Во вакви натпревари нема фаворити, но сепак противникот како прволигаш ќе има блага предност”, изјави шефот на стручниот штаб на Силекс, Горазд Михајлов.

И голманот на Кратовци, Даниел Божиновски посакува трофејот да остане во Кратово. Првата цел на Силекс е реализирана и враќањето во елитата да биде крунисано со триумфот во Купот.
“д самиот старт на сезоната претрпевме драстични промени. 95 отсто е составен од нови играчи, за разлика од минатата сезона. Со текот на времето се воигравме и направивме резултати како што посакувавме. Приоритет ни беше влез во прва лига и тоа го остваривме. Предизвик ни беше да обезбедиме и финале во купот и тоа успеавме. Сите го чекаме финалето и мислам дека ќе дадеме максимум и мислам дека ќе се радуваме на трофејот”, истакна Божиновски.
ФОТО: Игор Паневски
