Спорт Фудбал

Бајрами: Имаме квалитет и верувам дека ќе го освоиме трофејот

По пауза од три години фудбалерите на Македонија ЃП имаат нова шанса да се борат за трофејот во националниот куп.

Составот од Ѓорче Петров пред точно 16 години славеше во ова натпреварување, а предводникот на Македонија, Муарем Бајрами верува дека по два неуспешни обиди неговите фудбалери по втор пат ќе се радуваат на триумф.

“Мислам дека имаме квалитет, и верувам дека можеме да го освоиме трофејот. Максимално го почитуваме тимот на Силекс, кој последен го освои Купот, без разлика на тоа што оваа година е второлигаш, ние имаме максимален респект. Ја анализиравме екипата на Силекс добро, повеќе натпревари гледавме, затоа што се немавме сретнато цела година, и станува збор за одличен тим воден од еден одличен тренер. Во секој момент знаат што прават, и буквално се прошетаа низ втората лига. Гледајќи ги натпреварите и во Купот, и мислам дека ќе биде доста интересен натпревар. Имаме квалитет, за мене е ова прво финале како тренер, а два пати го имам освоено како играч. Се надевам на прв триумф како тренер”, изјави Бајрами.

Оптимист е и капитенот на Македонија ЃП, Ермедин Адем кој исто така очекува тој на крајот да го крене пехарот и добрата сезона во првенството да се круниса со трофеј во Купот.

“Не очекува голем натпревар. Цела сезона се бориме за вакви натпревари и сакаме да ја крунисаме сезоната со Куп трофеј. Ја респектираме екипата на Силекс, која се прошета во Втората лига, и неслучајно се во финале, покажувајќи дека се добра екипа. Ние сме подготвени, имавме добра сезона, можеби најтежок пат до финалето, ги поминавме сите и стигнавме до тука. Кој и да настапи, ќе го даде максимумот, и верувам дека ќе ги израдуваме нашите навивачи и трофејот после долги години да го донесеме во Ѓорче Петров”, рече Адем.

Мечот се игра утре на арената Тодор Проески и почнува во 18 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе