Спорт Фудбал

Канатларовски го објави списокот за мечевите со Ерменија и Украина

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на почетокот на јуни ќе ги одигра двата последни квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2023 години во Романија и Грузија.

На 2. јуни, на Националната арена „Тодор Проески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул.

Филип Трпчевски нема да биде комбинација за мечевите со Ерменија и Украина поради повреда на лигаментите на коленото. На списокот се наоѓаат најголем дел од фудбалери кои се очекува да бидат едни од главните носители на оваа генерација во наредниот квалификациски циклус.

Селекторот на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски за претстојните квалификациски дуели ги повика следните фудбалери:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Борец), Иван Николовски (Беласица);

Одбрана: Блертон Шеји (Шкупи), Кристијан Тасевски (Аугсбург, Германија), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар);

Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Иван Николов (Вардар), Флорент Рамадани (Шкендија), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп). Агон Елези (Вараждин), Методи Максимов (Работнички);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Дашмир Елези (Шкендија), Марио Илиевски (Септември, Бугарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија);

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе