Вести Македонија Најважни

Ден за високи гости на вежбата „Брз одговор 22“

На Армискиот полигон „Криволак“ денеска се реализираше Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 22“ („Swift Response 22“), при што беа презентирани воздухопловно-десантни операции проследени со падобрански скокови и хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на Северна Македонија, САД, Велика Британија, Франција, Италија, Црна Гора, Грција и Албанија.

На денот за високи гости присуствувааше шефот на државата и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, собранискиот претседател Талат Џафери, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, пратеници од Собранието, амбасадорите на САД, Велика Британија, Италија, Франција, Грција, Албанија и Црна Гора, заменик на командантот на американската Армија за Европа и Африка, генерал-мајор Петер Ендрусјак, генерали во АРСМ, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на земјите учеснички на вежбата и на НАТО и одбранбени аташеа акредитирани во земјава.

„Брз одговор 22“ е досега најголема мултинационална вежба во земјава од ваков вид и единствена од осамостојувањето на државата во која ќе се реализираат воздушни десанти во овој обем.

Вежбата има особено значење за нашата Армија во однос на споделување на знаења, способности и вештини, зголемување на интероперабилноста и оспособеноста за заедничко дејствување со сојузничките вооружени сили во изведување на овој вид на операции, како и демонстрирање на капацитетите на Армискиот полигон „Криволак“ за изведување и на ваков вид на воени вежби, се додава во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе