Спорт Фудбал

УЕФА го објави новиот формат на Лигата на шампиони

Фудбалската Лига на шампиони од сезоната 2024/2025 ќе изгледа многу поинаку од сегашниот формат. Укината е групната фаза, а зголемен е бројот на учесници.

По месеци консултации, УЕФА реши малку да го ревидира и промени претходниот предлог за новиот излегд на Лигата на шампиони. Повеќе нема да има групна фаза, па тимовите ќе играат по така наречен „швајцарски систем“ во една лига. Сега наместо предвидените 10.кола во лигашкиот систем, тимовите ќе играат осум натпревари, по четири дома-гости. Елитата ќе брои 36 клубови наместо 32 како досега. Најдобрите осум на табелата ќе играат во елиминациите, а тимовите од дветтото до 24.место ќе играат бараж за преостанатите осум места во првата нокаут рунда.

Дополнителните четири места во натпреварувањето ќе се доделат на клубот кој е третопласиран од лигата која е петторангирана според листата на УЕФА. Потоа едно дополнително место ќе имаат домашните шампиони со тоа што е зголемен бројот од четири на пет клубови, кои ќе можат да обезбедат место преку квалификациите по таканаречениот „пат на шампионите“.

Последните две дополнителни места ќе ги добијат две лиги, чии клубови ќе имаат најдобар колективен ефект во претходната натпреварувачка сезона во европските купови. Тоа значи дека клубовите кои се најдобро рангирани во домашната лига, но се надвор до зоната за Лига на шампиони ќе имаат шанса да добијат ваква специјална покана.

Со ова и официјално е отфрлен претходниот предлог двете дополнителни места да ги добијат клубови со големо историско педигре во европските купови и според клупскиот коефициент.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе