Вести Временска прогноза

Претежно стабилно и сончево – Временска прогноза за 7.5.2022

Во првата половина од викендот нè очекува пријатна временска состојба. Речиси насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен југоисточен ветер. Температурата преку ден ќе се движи во интервал од 17 до 24°C.

Агропрогноза:

Временската состојба неделава, со утринска температура од 5 до14˚C и дневна од 13 до 23˚C, со променливо време и услови за појава на дожд, но не се очекуваат големи количества, сепак ќе бидат добредојдени за производителите на житни култури, каде недостатокот на влага особено се чувствува во површинскиот слој. Во оваа фаза на развој најголемиот процент од кореновиот систем се наоѓа токму во овој слој.

Потребите на вода во оваа фаза се најпотребни. Водата исто така е неопходна и за останатите култури иако има доволно влага во подлабоките слоеви од почвата, но заради интензивниот развој на растенијата има и поголема потреба на вода. Така врнежите во наредните денови ќе бидат добредојдени и за нив.

Во овој период кога ќе се создадат услови, треба да се искористи времето за заштита на растенијата од болести и штетници, но и плевели кај житните култури кои може да направат големи штети кај земјоделските култури. Почвената температура на длабочина од пет сантиметри се очекува да се движи од 15 до 22˚C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

4 Берово, Маврови Анови, Лазарополе, 5 Попова Шапка, 6 Претор, Битола, 7 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Струмица, 8 Скопје-Петровец, Прилеп, Дебар, Крушево, 9 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 10 Штип, Виница, Куманово, Дојран, 11 Демир Капија.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 12.0, Преспанско Езеро 13.0, Дојранско Езеро 18.6

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе