Како за 8-ми Март букети, така за 1-ви Мај – ветувања! Политичарите плетат плетенки од три компоненти: ветувања, честитки и политика. Политичките пораки можеби се ставени на крајот од соопштенијата до работниците, но го украсуваат делото со она секојдневното: со нас ќе ви биде најдобро!
ВМРО ДПМНЕ честиташе со порака дека „како никогаш до сега македонските работници се понижени и обесправени, а нивниот труд воопшто не е вреднуван“.
телоп ВМРО ДПМНЕ: Потребно е национално обединување против корумпираната елита на власта и предвремени парламентарни избори за излез од кризата. Само така ќе дојдат подобри времиња, подобар стандард и вреднуван труд на македонскиот работник“.
Владата тврди дека веќе е посветена на работничките права, дека социјалниот дијалог трае и ќе донесе бенефит за сите вработени во јавниот сектор.
Оперативен план со активни програми, висока најниска плата, недела неработен ден, зголемен опфат за самовработување, земја лидер во проектот Гаранција за млади, набројува Тренчевска, а само пред еден месец пописните резултати покажаа дека за 20 години имаме 150 илјади млади помалку, а две третини од оние што се тука – веднаш би си заминале! За целото трпение и исчекување поголеми плати и работнички права, Честит ден на ветувањата!
Соња Николовска
